Скопје

Брифинг по повод одржувањето на шестото издание на Македонскиот Енергетски Форум

26.05.2023 09:27

Во Скопје денеска ќе се одржи брифинг за одржувањето на шестото издание на Македонскиот енергетски форум – МЕФ...

Во Скопје денеска ќе се одржи брифинг за одржувањето на шестото издание на Македонскиот енергетски форум – МЕФ.

Како што соопштуваат организаторите на МЕФ, на брифингот ќе информираат за целите, програмата и темите на дискусија на Македонскиот енергетски форум.

Годинава, МЕФ под мотото „Подобрување на триаголникот ’Политики-Финансиска-Енергетска технологија‘ за енергетска отпорност и зелена транзиција“ ќе се одржи на 30 и 31 мај годинава во Скопје.

Како што посочуваат организаторите, предвидено е да учествуваат високи владини претставници од земјава и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации.

Македонскиот енергетски форум е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.