Европски парламент
100 милиони евра поддршка за земјава од ЕУ
26.05.2023 16:47
Европарламентарците донесоа одлука-земјава добива 100 милиони евра од Брисел за реформските процеси и за економска стабилност...

Европарламентарците донесоа одлука, на земјава да ѝ се одобрат 100 милиони евра за реформските процеси и за економска стабилност. Предлогот на комисијата да се искористат парите од инструментот за макрофинансиска помош доби поддршка.
Средствата ќе бидат достапни во две транши. Макрофинансиската помош е условена со спроведување политики на доброто владеење и управување со јавните финансии. Од Владата велат, дека е ова уште еден од пример за партнерството кое го имаме со Европската унија.
