Битиќи од МЕФ: Го отворивме патот за одржлива и просперитетна енергетска иднина
Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на МЕФ Енергетскиот форум 2023 година, на кој денес и утре во Скопје, голем број на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на МЕФ Енергетскиот форум 2023 година, на кој денес и утре во Скопје, голем број на високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации. Ќе дискутираат на темата „Подобрување на триаголникот ’Политики – Финансиска – Енергетска технологија‘ за енергетска отпорност и зелена транзиција“. Во продолжение ви го испраќаме неговото интегрално обраќање: „За мене е голема чест што втора година по ред сум покровител на МЕФ Енергетскиот форум во организација на ЗИП институт и што ги имаме следните два дена да разговараме за предизвиците и можностите кои се пред нас, од областа на енергетиката.
Ако земеме предвид дека секторот енергетика креира 10 – 15% од БДП во нашата економија, тогаш јасно е дека, изборите што ги правиме во енергетскиот сектор, денес, ќе имаат големо влијание врз иднината на нашата економија и благосостојбата но и енергетската безбедност на идните генерации. Токму затоа, сметам дека Форумот ќе послужи како инклузивна платформа за дијалог, размена на знаења, но и за споделување иновативни пристапи, најнови достигнувања, трендови и стратегии за решавање на прашањата поврзани со енергетиката. Зелената енергија, не нарушувајќи ја рамнотежата на нашиот комплексен еко систем, е клучна за зачувување на животната средина.
Токму забрзаните климатски промени и деградацијата на животната средина, не водат кон итна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија со ниска емисија на стакленички гасови, која треба да ја сметаме за императив и во креирањето и спроведувањето на политиките.
