ЕСМ

Генералниот директор на АД ЕСМ, Стефанов заедно со дел од раководството одржаа состанок со високи претставници од КФВ

31.05.2023 12:31

На состанокот посебен акцент се стави на тековните активности кои се извршуваат во соработка и поддршка од КфВ Банка, Ветерниот Парк Богданци, ревитализацијата на шест големи хидроелектрани помеѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ Глобочица, топлификација Битола кој е многу значаен проект за граѓаните од Битола, Могила и Новаци, како и други проекти кои се во тек и се планираат за наредниот период...

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Стефанов, заедно со директорката на правни и општи работи, Душица Сеизовска Јовановиќ и директорот на развој и инвестиции Благој Гајдарџиски одржаа работен состанок со високи претставници од Кредитната Банка за обнова – КФВ.

На состанокот посебен акцент се стави на тековните активности кои се извршуваат во соработка и поддршка од КфВ Банка, Ветерниот Парк Богданци, ревитализацијата на шест големи хидроелектрани помеѓу кои ХЕ Вруток, ХЕ Врбен, ХЕ Равен, ХЕ Тиквеш, ХЕ Шпилје и ХЕ Глобочица, топлификација Битола кој е многу значаен проект за граѓаните од Битола, Могила и Новаци, како и други проекти кои се во тек и се планираат за наредниот период.

Посебно се истакна потребата од инвестициите во обновливи извори за енергија, дека сега е вистинското време ако се земе предвид дека во нашата земја немало никакви инвестиции на ова поле во изминатите 30 години.

АД ЕСМ продолжува да се движи кон зеленото сценарио и ќе се стреми во иднина да бидеме енергетски независна земја која произведува електрична и топлинска енергија од обновливи извори на енергија.