Енергетски форум

Пендаровски: Потребна е поголема енергетска независност

31.05.2023 13:08

Македонија веќе одамна мораше да биде членка на Унијата – поранешниот хрватски претседател Месиќ ја повика претседателката на Европската комисија да стори се со цел кон Унијата што побрзо да ѝ се придружат земјите од Западен Балкан. Претседателот Пендаровски посочи членството во НАТО и преговорите со ЕУ се значајни за енергетската безбедност. Македонија е високозависна од увозот на енергија...

Енергетската безбедност е важен чинител и за геостратегиската безбедност. Значајно е што сме членки на НАТО и во преговори со ЕУ за членство, рече претседателот Пендаровски во обраќањето на енергетскиот форум. Вели дека Македонија е високозависна од увозот на енергија, па затоа е важно да бидеме заедно со другите земји. Шефот на државата смета дека мора да се намали увозот и да се зголеми производството на електрична енергија, како и свесноста кај граѓаните за штедење струја.

Ниту една земја од регионот не смее да биде жртва на новата политика и енергетска независност на Брисел, да им обезбеди директна и долгорочна помош, а не да гледа како на простор од второстепена геополитичка важност – порача поранешниот претседател на Хрватска, Месиќ. Од форумот испрати порака до Брисел-земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од Европската Унија.

Македонија е регионален лидер во производство на енергија од обновливи извори, истакна Пендаровски. Но, смета дека треба да учествува во сите регионални групирања за настап на светските енергетски пазари. Кога е во прашање енергетската помош од ЕУ, Унијата треба да се однесува како да сме нејзини членки, а не да добива помош со задоцнување, како во случајот со ковид-кризата.

 

 

Александра Велинова