Економија

Од утре се одмрзнуваат замрзнатите цени на храната

31.05.2023 19:27

Владата уверува дека нема да има поскапување, најавува дека ќе интервенира доколку трговците и производителите ги покачат цените.

Од полноќ се укинува мерката за замрзнати цени на дел од земјоделските прозиводи- за лебот, маслото за јадење, и други прехранбени продукти.

Владата уверува дека нема да има поскапување, најавува дека ќе интервенира доколку трговците и производителите ги покачат цените.

Според вицепремиерот Битиќи, ако има потреба соодветно ќе се реагира, ќе се следи состојбата и кај трговците и кај производителите да се задржат или намалат сегашните цени.