Се одмрзнуваат цените на основните производи
Од денеска престанува да важи владината одлука со која беа ограничени цените на дел од основните продукти. Граѓаните стравуваат од покачување на цените. Од Владата уверуваат – поскапување на овие производи нема да има. Доколку тоа се случи, итно ќе бидат преземени соодветни мерки...

Престанува да важи владината одлука со која беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Се „одмрзнуваат“ и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки.
Надлежните уверуваат дека нема да има поскапувања на овие прехранбени производи, во спротивно ќе бидат преземени соодветни мерки. Ситуацијата се следи на дневна основа и оценката е дека засега нема простор за големи ценовни осцилации.
Според граѓаните цените најпрво се зголемуваат, за подоцна да бидат намалени. Повеќето не забележале поголеми ценовни намалувања.
Во однос на цените на прехранбените производи, утврдено е дека речиси сите се намалени согласно владините мерки кои се носат една година, изјави министерот Бектеши.
„Да, мерките веќе нема да важат, но јас наведов и во моментот кога објавивме дека нема да ги продолжиме мерките, ако одредена компанија, и ова јавно го кажувам, одреден сектор вештачки се обиде да ги зголеми цените се знае дека институциите ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено“, изјави Бектеши.
За одредени производи би можело да има и намалување. Во тоа дека резултат даваат мерките на владата граѓаните да се повикаат на германскиот Завод за статистика кој ги објави податоците за тоа како Македонија се справува со делот на цените со прехранбените производи, истакна Бектеши.
Александра Спировска
