Економија

Со одмрзнување на цените, млекото нема да поскапи

01.06.2023 16:11

Со спроведувањето на владините мерки продуциравме загуби од два до четири проценти, велат млекопреработувачите. Ветуваат дека со одмрзнувањето на цените нема да има поскапување, но ќе бараат од владата со заеднички сили да се направи развојна и заштитна стратегија...

Нема капацитет кој во изминатите два месеци не направи загуби од два до четири проценти, велат млекопреработувачите. Повластената електрична енергија и тоа како помогна, но ние како оператори откупувавме, а и сега откупуваме најскапо сирово млеко по литар во регионот и голем дел од европските земји каде стимулативните мерки кон фармерите се далеку поголеми во секој поглед, што овозможува откупната цена на млекото да биде помала, а со тоа и на финалниот производ.

Одмрзнувањето на цените нема да го искористиме за покачување на малопродажните цени, но затоа пак, ќе бараме да се направи долгорочна стратегија која ќе нуди заштита на домашното производство и развој на сточарството, вели претседателот на Регионалната стоппанска комора.

Велковски смета дека само со вистинска стратегија, стимулативни мерки и модернизација на фармерите, може да се доближиме до надворешната конкуренција. Засега дневно произведуваме околу 250.000 литри или 50 проценти помалку во одност на најдобрите денови.

Стевче Митревски