Граѓаните се жалат за високите цени, пазарџиите го чекаат домашното производство
Граѓаните се жалат за високите цени на пазарите. Велат-тешко дека има поевтинување. Напротив, цените на некои продукти се дури и покачени. Краставицата на пазарите се движи од 70 до 100 денари за килограм. Слично и кај доматот. Пазарџиите очекуваат со стасувањето на домашното производство да се зголеми и понудата, па да паднат и цените…

Цената на краставицата на пазарите се движи од 70 до 100 денари за килограм. Слично и кај доматот. Цените на основните прехранбени продукти од почетокот на месецов се одмрзнати. Власта образложи дека причината за тоа лежи во фактот што кај некои производи, цената е и пониска од долната утврдена граница со замрзнувањето. Ама, граѓаните кои пазаруваат велат, тешко дека има поевтинување, напротив, се жалат дека цените на некои продукти се дури и покачени.
Пазарџиите велат дека цените на овошјето и на зеленчукот варираат во зависност од квалитетот. Очекуваат со стасувањето на домашното производство да се зголеми и понудата, па да паднат и цените.
Министерот Бектеши предупреди дека инспекциите будно следат дали ќе има неоправдано покачување на цените. Опозицијата, пак, повика да се продолжи со замрзнатите цени.
Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28-ми февруари кога беше замрзната цената не белиот и на полубелиот леб на 33 денари.
Александра Спировска
