БДП во првиот квартал со раст од 2,1 отсто
Во првото тримесечје од 2023-та, поголем пораст е забележан во секторите – градежништво од 12,7% и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10,6%...

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2023 година забележа раст од 2,1%, соопшти Државниот завод за статистика.
Во првото тримесечје од 2023-та, поголем пораст е забележан во секторите – градежништво од 12,7% и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 10,6%.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата.
во првото тримесечје, номинално расте за 14,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69%.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 13,7%, а увозот на стоки и на услуги забележа
намалување во номинален износ од 1,4%.
Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2023-та година бележат намалување во делот на промената на залихите, покажуваат податоците на ДЗС.
