Економија

Битиќи со германските компании

06.06.2023 13:41

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на финансиската поддршка на Владата која во прво место е предвидлива и дека сите постапки се транспарентни со цел да создадат еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори. Битиќи како заклучок, рече дека Северна Македонија е подготвена да ги пречека и поддржи германските компании во нивниот стремеж за раст и успех...

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи оствари средба со делегацијата на германски компании кои престојуваат во Северна Македонија, со кои ги сподели деловните можности посебно во однос на поддршката за инвестиции, при што ги истакна клучните фактори кои ја прават Северна Македонија атрактивна дестинација за нивните инвестиции.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на финансиската поддршка на Владата која во прво место е предвидлива и дека сите постапки се транспарентни со цел да создадат еднакви услови и за домашните и за странските инвеститори. Битиќи како заклучок, рече дека Северна Македонија е подготвена да ги пречека и поддржи германските компании во нивниот стремеж за раст и успех, и дека земјата нуди поволно деловно опкружување, стратешки предности и силна владина поддршка.

„Заедно, дозволете ни да создадеме силни партнерства и да го отклучиме огромниот потенцијал што лежи во нашата соработка“, заклучи Битиќи.

Предводникот на германската делегација, Ханс-Јоаким Баумлер, од консултантската компанија Интегра, се заблагодари за приемот и укажаното внимание од страна на вицепремиерот Битиќи.

Тој истакна дека успешноста на германските компании кои делуваат во Северна Македонија претставува силен мотив за другите компании да го следат нивниот пример и да инвестираат во земјава, која според него нуди добра бизнис клима за понатамошно развивање на трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија.

Инаку, Германија е исклучително важен економски партнер и главен извозен пазар на Република Северна Македонија. Повеќе од 200 компании со германски капитал работат во Северна Македонија, кои вработуваат околу 20.000 луѓе.