Стопанска комора

Азески со конкретни предлози до власта за раст на извозот и економијата

08.06.2023 13:20

Тој бара да се пробудат корективните органи на власта, да се изготви рамковен договор за економските политики, но и да се укинат управните одбори, да се редуцираат државните органи.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, со конкретни предлози до власта како извозот да стане алфа и омега во македонскиот бизнис. Тој бара да се пробудат корективните органи на власта, да се изготви рамковен договор за економските политики, но и да се укинат управните одбори, да се редуцираат државните органи.

„Да се укинат сите тие надоместоци, да се редуцираат сите тие тела како агенции, бироа и слично, кои во моментов се накотени на 1.320, и уште 129.000 вработени во нив. Имаме 1.320 институции! Наместо политичка, да се направи економска дипломатија зошто нас никој не нè шиба“, нагласи Азески во месечното обраќање во Стопанската комора.

Претседателот на Стопанската комора нагласи дека треба да се воведат и посебни таблици за службените возила, за да не се возат по ниви и во швалерај после работното време и за викенди. Со тие пари, вели Азески, ќе расте извозот, со тоа и економијата.