Намалување на трошоците и фокус на извозот, побара Азески
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со решенија, но и критика до власта. Побара да се скратат непродуктивните трошења за надоместоци за управни одбори, државни органи, службени возила. Азески со порака и до европските лидери...

Место за политиката, да се обединиме околу економијата, само бизнисот може да ја размрда државата. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со решенија, но и критика до власта. Побара да се скратат непродуктивните трошења за надоместоци за управни одбори, државни органи, службени возила. Парите што ќе се влеат во буџетот да се наменат за поддршка на бизнисот. Со тоа, вели Азески, ќе растат извозот и животниот стандард.
Првиот човек на комората, смета дека државата мора да се заштити од злоупотребата на моќ и да се разбудат корективните органи на власта. Оцени дека има екстремна поларизација меѓу власта и опозицијата, популизам при спроведувањето на економските мерки, а честите избори дополнително го оптоваруваат бизнисот. Побара да се изготви нов рамковен договор, но овој пат за економски политики.
Азески со порака и до европските лидери – иако меѓународната заедница дала надеж за подобро утре, сепак направила преседан на штета на малите земји.
Викторија Милевска
