ТИРЗ

700 нови работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава

11.06.2023 17:10

Од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 луѓе. Продолжува и растот на извозот кој е за 13% повисок споредено со првите пет месеци лани...

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ, покажува месечна анализа на дирекцијата. Заклучно со мај, бројот на работни места достигна речиси 16.900, што е за 15% повеќе од мај 2022. Од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 луѓе. Продолжува и растот на извозот кој е за 13% повисок споредено со првите пет месеци лани.

Во мај компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 373 милиони евра што е највисоко ниво од почетокот на годинава. И увозот во првите пет месеци од годинава достигна над милијарда евра што е за 2% повеќе од 2022.

Се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ во последниве две и пол години се постигнати договори во вкупен обем од над 850 милиони евра и истите треба да донесат над 8.000 нови работни места, соопштија од ТИРЗ.