ШТИП

Азески: „Отворен Балкан“ ќе доведе до поголем одлив на работната сила од државата

12.06.2023 16:48

Зголемување на платите и подигање на стандардот во државата е единствениот начин да се вратат оние кои се на привремена работа во странство, вели претседателот на Стопанската комора. Според Азески Иницијативата „Отворен Балкан“ е добредојдена, но за секоја мерка треба да се изготват анализи кои ќе овозможат фер услови за бизнис заедниците од трите држави …

Иницијативата „Западен Балкан“ ќе резултира со зголемен одлив на работната сила, вели првиот човек на Стопанската комора, на основа на анализата на Економскиот институт од Љубљана. Привремената економска миграција може да се надмине со пазарни механизми, зголемување на платите и стандардот во државата.

„Отворен Балкан“ за македонската бизнис-заедница треба да отвори можност за инвестиции и мобилност на работната сила кои нема да бидат на штета на домашните компании

Економијата сè уште ги чувствува последиците од енергетската криза и големата увозна зависност на електрична енергија. Триесет години инвестициите во енергетскиот сектор немале приоритет, што според Азески е грешка која мора да се исправи.

 

Славица Величковска