Финансиска поддршка

Субвенции за лозарите

16.06.2023 09:12

Земјоделците кои поседуваат најмалку 0,2 хектара лозов насад можат да поднесуваат барања за субвенции. Висината на финансиската поддршка е 12.000 денари по хектар. За предаденото на регистриран откупувач, како и произведеното грозје за домашни потреби или ако e продадено на пазар, дополнителните директни плаќања се 28.000 денари по хектар.

Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства имаат право на 12.000 денари по хектар за сите лозови насади. Пријавувањето е до крајот на овој месец.

Услов е да имаат минимална површина под лозје од 0,2 хектара, со најмалку 1.389 садници, подигнати до пролетта 2022 година.

Лозарите кои се корисници на субвенциите за одржување на насадите имаат право и на дополнителни директни плаќања за остварено производство на грозје од 28.000 денари по хектар.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои оствареното производство на грозје го предале на регистриран откупувач. Тука е вклучен и родот за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, ако производството е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.

Субвенција и за двете мерки се намалува со зголемување на пријавените површини. Од 0,2 до 10 xектари субвенцијата е 100 проценти, од 10 до 30 е 60 и над 30 хектари е 30 проценти збирно за сите сорти.

Пари се добиваат и за регистрирани производители на сертифициран саден материјал, и тоа од 30 до 35 денари во зависност од категоријата на сертификацијата.

Методија Трајков