Инфраструктура
ЕБОР размислува да даде заем од 175 милиони евра за доградба на пругата до Бугарија
16.06.2023 14:42
Делницата од Крива Паланка до бугарската граница е во должина од 23,4 километри. Коридорот 8 е составен дел на една од петте нови транснационални европски транспортни оски исток – запад...

Европската банка за обнова и развој ја разгледува можноста да одобри државен заем од 175 милиони евра за Македонски железници – инфраструктура, за изградба на последната делница од пругата кон Бугарија на Коридорот 8.
Делницата од Крива Паланка до бугарската граница е во должина од 23,4 километри. Коридорот 8 е составен дел на една од петте нови транснационални европски транспортни оски исток – запад, од Црно до Јадранско Море, и треба да донесе полесен и побрз транспорт што ќе донесе и повисока конкурентност и економски развој.
