Голем интерес на иселениците за изнајмување станови во Битола
За летниот престој во родната грутка нашите иселеници ќе изнајмат над 1.000 слободни битолски станови, како и голем дел од собите на мини хотелите. Од агенциите за посредување велат, месечната закупнина се движи од 350 до 1.000 евра, во зависност од местоположбата и опременоста на становите.

Најмалку 1.000 слободни станови во Битола летово ќе бидат привремен престој на нашите иселеници. Од агенциите за посредување со недвижности велат дека веќе се букирани, и најчесто станува збор за изнајмување на станбени единици кои гравитираат околу централното градско подрачје или се дел од поновите колективни станбени згради. Висината на месечната закупнина ја одредува големината на станот и луксузната опременост.
Ако статистиката вели дека после Охрид, според глава на жител во Битола има најмногу купени и празни станови, тогаш слободно може да се каже дека со овие закупнини сопствениците можат и тоа како да бидат задоволни, бидејќи иселениците главно само ноќеваат.
Легло повеќе се чини за скоро ќе се бара и во мини-мотелите кои од поодамна го воспоставиле овој начин на изнајмување на соби.
Од агенциите за посредување со недвижен имот велат дека сè позачестен е и интересот нашите иселеници да издвојат од спечаленото за да купат стан или куќа во матичната татковина.
Стевче Митревски
