Институтот за развој на заедницата почна кампања за формирање на Енергетски задруги
Со енергетски задруги до енергетска транзиција – ова е целта на проектот кој го реализира Институтот за развој на заедницата, што треба да резултира со пораст на бројот на граѓани кои ќе поставуваат фотоволтаици на своите објекти…

Граѓаните кои сакаат да постават фотонапонски централи на своите кровови, полесно и поевтино може да го направат тоа доколку настапуваат како здруженија на граѓани или се здружат во енергетски задруги. Ваквиот начин на организирање и заедничко инвестирање во обновливи извори на енергија е пракса во развиените држави.
Потребни се законски измени за целосно да се почувствува ефектот од ваквото здружување, вели Сретен Коцевски од Институтот за развој на заедницата.
Пример за задругарството во инсталирање фотонапонски централи во државата сè уште нема, заради што од Институтот за развој на заедницата планираат финансирање на четири фотонапонски централи со цел да заживее задругарството во енергетскиот сектор.
Славица Величковска
