Влада

Вицепремиерот Битиќи ќе се обрати на годишната конференција на СКСЗМ

19.06.2023 08:37

На овој настан, ќе се најдат на едно место владини претставници, истакнати професионалци, експерти и претставници на компаниите членки на СКСЗМ, да дискутираат и најдат иновативни решенија за чувствителните предизвици во обезбедувањето на работна сила, соопштуват од владината прес-служба...

Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес ќе се обрати на годишната конференција на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) на која ќе се дискутира на темата „Предизвиците на компаниите во Република Северна Македонија, при обезбедување на работна сила во ерата на глобализација и дигитализација“.

На овој настан, ќе се најдат на едно место владини претставници, истакнати професионалци, експерти и претставници на компаниите членки на СКСЗМ, да дискутираат и најдат иновативни решенија за чувствителните предизвици во обезбедувањето на работна сила.