Се поголема појавата на пепелница и пламеница кај лозовите насади во струмичко
По врнежливото време, се поголема е појавата на пепелница и пламеница кај лозовите насади во струмичко. Агроекспертите апелираат на примена на заштитни средства во консултација на стручни лица. Во одделни атари во струмичко, веќе има оштетувања на гроздовите...

Лошото време, проследено со чести врнежи од дожд, веќе предизвика болести кај виновата лоза. Најчеста е пламеница и пепелница и во одделни атари по струмичките населени места веќе се забележуваат гниење на младите гроздови, но и сушење на лисната маса. Стручните лица апелираат на соодветна заштита.
Се огласи и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, од каде апелираат до лозарите да пристапат кон превентивна заштита. Според нив, мора да се има предвид за каква сорта на винова лоза станува збор и во која фаза е цутењето на самите гроздови. Агроекспертите соопштуваат дека лозарите ќе мора да превенираат во согласност од препораките на стручни лица.
Во државата има над 30 илјади хектари под лозови насади, од кои 30 отсто е трпезно, а останатиот дел е со вински сорти грозје.
Ване Трајков
