Горива

Од полноќ поевтинуваат горивата

19.06.2023 15:59

Од полноќ за еден денар поевтинуваат цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БЦ-98, додека цената на Еуродизел останува непроменета. За половина денар поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар...

Од полноќ за еден денар поевтинуваат цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БЦ-98, додека цената на Еуродизел останува непроменета. За половина денар поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 80,5 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 82,5 денари за литар.

Новата цена на екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 68,5 денари за литар.

Дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 70,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 не се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 41,029 ден/кг.