Земјоделски стопанства

Пребивање на субвенции со долгови

22.06.2023 08:00

Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од субвенциите. Доколку не го направат тоа и не го платат долгот, земјоделците целосно ги губат субвенциите …

Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјоделско земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на субвенциите.

Барателот ќе треба да поднесе изјава заверена на нотар во рок од 20 дена од денот на известувањето од страна на Платежната агенција за неплатените долгови. Во случај кога барателот нема да достави согласност, одобрената субвенција не се исплаќа.

Доколку износот на финансиска поддршка на корисникот не е доволна за намирување на сите обврски, наплатата ќе се врши по одреден редослед, и тоа прво за закуп, потоа за меѓународна помош, за водарина и за пасишта.

Министерството за земјоделство доставува до Платежната агенција податоци за ненамирени финансиски обврски до 15 јануари 2023 година.

Доколку дојде до техничка грешка, ажурирањето на податоците ќе го вршат Министерството и јавните претпријатија даватели на услугата.

Едно земјоделско стопанство вкупно по сите основи не може да добие повеќе од 18.450.000 денари субвенции.

 

Методија Трајков