енергетика

Евтина струја ќе има, ама не од први јули како што вети Владата

22.06.2023 13:58

Новата цена на струјата ќе се знае за два дена. Вицепремиерот за економски прашања Битиќи останува на ставот дека евтина струја во работните денови треба да има, но од кога, топката ја префрли во Регулаторна...

Новата цена на струјата ќе се знае за два дена кога ќе заврши тендерската постапка во ЕВН и кога ќе биде понудена цена од ЕСМ-вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Додава дека за цената на струјата се одлучува на затворена седница и има причина зошто е тоа така.

Ќе има ли евтина тарифа на струјата од први јули како што беше најавено, Битиќи вели дека како влада остануваат на ставот дека треба да има евтина тарифа, но одговор на ова прашање треба да даде РКЕ.

Евтина дневна тарифа ветуваа и првиот човек на регулаторна Бислимовски пред два месеци и министрите, но се поизвесно е дека ќе нема. Според РКЕ кратко е и времето за промена на броилата. Во моментов цената на мегават час е 56 евра. Она што е сигурно е дека од први јули ќе се врати стапката од 18 проценти за ДДВ која до сега беше 10%. Од Регулаторот зависи дали ќе има зголемување на цената.

 

Александра Велинова