Блокада на границите и на институциите нема да има, уверува министерот Бесими
Ниту затворање на границите, ниту блокада на платите, дециден министерот за финансии Бесими, по најавите на вработените во Царина и УЈП дека ако нема зголемување на платите, протестите ќе се радикализираат. Законот и условите за штрајк се јасни, појаснува Бесими...

Првиот финансиер Бесими уверен дека нема да дојде до затворање на граничните премини и блокади на платите во јавниот сектор, откако синдикатот на УЈП стапи во генерален штрајк, а цариниците предупредија дека ќе го радикализираат протестот поради неисплатени додатоци на плата од 30 проценти. Бесими има разбирање за вработените, но посочи дека законите и условите за штрајк се јасни.
Ако се изнајде решение нема да дојде до штрајк, велат од синдикатот на УЈП. Претседателот посочи дека аргументите се на нивна страна, а правото на штрајк е легитимно.
Владата назначи помирувач со синдикатот на вработените во УЈП. Доколку тој утврди дека не е исполнет законскиот услов Владата ќе донесе одлука со која мора да ги зголеми платите во Управата. За идната недела е закажана седница на Економско социјалниот совет на кој претставници од ССМ со Владата ќе бараат излез од оваа ситуација, но и прифатлив модел за раст на платите во јавниот сектор. И цариниците со барање за повисоки плати. Чекаат одговор од новиот директор и од финансии. Во спротивно, радикализација и блокада на граничните премини.
Викторија Милевска
