Овоштарство

Овоштарите од Росоман го чекаат најавениот извоз во Украина а родот на праски останува во магацините

24.06.2023 15:50

Праските од Росоман останаа во магацините и покрај најавите дека е договорен извоз во Украина. Овоштарите велат родот нема време да чека рокови и документација, туку пропаѓа по дрвјата. Годинава проблем и со расадот од пиперки и домати кој само успеал во 5 отсто...

Овоштарите од Росоман чекаат пласман за годинашниот род на праски. Засега се извезуваат мали количества на пазарите од при Балтичките републики и нешто во Хрватска. Но најавите дека по затворањето на пазарот во Русија, овошјето и зеленчукот од Македонија, ќе се пласираат во Украина, засега нема ништо. Производители од Росоман велат дека со секој ден родот останува во магацините.

Овоштарите од Росоман се најголемите производители на праски во земјава и разбирлив е нивниот страв, што со родот.

Но освен со праските земјоделците имаат проблем и со доматите и пиперките. Расадот годинава не се зафати.

Министерот Николовски при неодамнешната посета на Росоман на локалните власти им порача да формираат комисии, да се направи процена на евентуални штети, а Владата како и досега ќе ги обесштетети земјоделците.

 

 

Петар Печков