Поднесување барања за субвенции на јаболко
Производителите на јаболка може да поднесуваат барањата за дополнителни директни плаќања за произведени и предадени јаболка од реколтата 2022 година. Субвенцијата изнесува 3 денари за килограм, а рокот за аплицирање завршува на 30 јуни оваа година...

Корисници на парите се земјоделски стопанства кои добиле субвенции за одржување на јаболковите насади за 2022 година и оствареното производство го предале на регистриран откупувач или преработувач во периодот од 15 септември 22-ра до 15 мај 2023 година.
Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм. Заедно со барањето треба да се достави и потврда издадена од регистриран откупувач или преработувач. Образецот за потврдата е објавен на интернет страната на Агенцијата.
Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата од страна на земјоделското стопанство а доколку има потреба од помош можат да се побара во подрачните единици на Министерството за земјоделство. Крајниот рок за поднесување на барањата за дополнителната финансиска поддршка за јаболкото е до 30 јуни оваа година.
По 3 денари за килограм можат да добијат и овоштарите за собраниот род праски, вишни, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка доколку ги предадат во конзервната индустрија од 26 декември 2022 до 25 декември 2023 година.
Производителите на јаболка може да поднесуваат барањата за дополнителни директни плаќања за произведени и предадени јаболка од реколтата 2022 година. Субвенцијата изнесува 3 денари за килограм, а рокот за аплицирање завршува на 30 јуни оваа година.
Методија Трајков
