Битиќи не очекува генерален штрајк во УЈП
Вицепремиерот за економски прашања очекува да се најде решение со протестот на вработените во УЈП и во Царина и дека нема да дојде до генерален штрајк. В четврток е закажана седница на социо-економскиот совет...

Заменик-претседателот на Владата, Битиќи, е оптимист дека вработените во УЈП нема да имаат потреба од генерален штрајк и дека ќе се најде решение. Вели, отворени се за соработка, а медијаторот ќе си ја заврши работата како што треба.
Нашите барања се согласно законот и колективниот договор, велат од Синдикатот на Управата, затоа се надеваме на позитивен исход. Над илјада вработени во УЈП секојдневно протестираат по два часа поради незадоволство од неразрешената состојба.
Надлежните работат на системско решение за платите, како што бараат синдикатите. Синдикатите предложија новата методологија да се однесува на сите вработени во јавниот сектор. Според барањето, просечната плата да биде помножена со коефициент, според методологијата што се аплицирала кај избраните и именуваните лица веќе 33 години. Ние ја прифаќаме таа методологија, вели Битиќи.
Наташа Јанчиќ Менковски
