Енергетика

Бислимоски: Од први декември се враќа евтината тарифа за струја

27.06.2023 14:34

Од први декември се враќа дневната евтина тарифа, во период од 13 до 15 часот, информира првиот човек на Регулаторна, Бислимоски...

Од први декември се враќа евтината дневна тарифа за електрична енергија, за периодот од 13 до 15 часот. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, посочи дека тоа е максимумот што можеле да го направат и дека во следниот период треба да почне промената на броилата. Додава дека декември е месецот кога се зголемува потрошувачката на електрична енергија и тоа е рокот до кој електродистрибуција ќе треба да ги усогласи сите броила.

Бислимовски информира и за донесените цени по блокови за периодот на висока дневна тарифа. Намалување ќе има во првиот и вториот блок од околу 7 и 4 насто, а зголемување во третиот и четвртиот од околу 2,5 насто. Бислимовски истакна и дека преку инвентивност, се обиделе да го намалат ударот на зголеменото ДДВ врз цената на електричната енергија.

Во апсолутен износ, ДДВ-то ќе значи зголемување на цената на струјата за 7,4 насто, а ние ги носиме цените без пресметан ДДВ, појасни Бислимовски. Поради зголеменото ДДВ, вкупниот трошок е зголемен за 2,5 насто.

 

 

Марија Котовска