Седница

Седница на Економско-социјалниот совет

29.06.2023 09:06

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а според најавите, ќе се разговара за Општиот колективен договор и новата методологија за плати...

Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, а според најавите, ќе се разговара за Општиот колективен договор и новата методологија за плати.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во понеделникот во изјава рече дека денеска ќе заседава ЕСС и ќе се разговара за Општиот колективен договор со новата методологија.

Новата методологија за плати во јавниот сектор ќе треба да важи за сите структури во јавниот сектор.