Рибарство

Годинава во владина процедура влегуваат новите закони за аквакултура и рибарство усогласени со сите директиви на ЕУ

29.06.2023 14:52

Отвора ли домашното производство на риби нова развојна компонента. Министерот Николовски вели дека за скоро време во владина процедура влегуваат новите закони за аквакултура и рибарство кој се целосно усогласени со сите директиви на ЕУ. Веќе промовираниот закон за финансиска поддршка, очекува целосно да ги празни расположливите средства од наменските ЕУ-фондови...

Домашното производство на риби добива нови можности за развој а со тоа и намалување на стапка на увозната зависност. За скоро во владина процедура влегува новиот закон за аквакултура и рибарство, целосно усогласен со директивите на ЕУ. Дополнителна развојна компонента ќе биде неодамна промовираниот закон за финансиска поддршка којшто воспоставува систем на нови механизми за поддршка на овој сектор, вели министерот Николовски.

Максималната искористеност на овој фонд ќе овозможи зголемување на бројот на рибници, но и стимулативно ќе делуваат на зголемувањето на рибопроизводството на веќе активните. Еден од нив е и стрежевскиот, кој бележи континуиран подем.

Министерот Николовски, истакна дека ќе се води сметка за збогатување на рибниот фонд и во водите кој не се под концесија. Во таа насока тој денес учествуваше во порибувањето на стрежевската акумулација со 5.000 единици пастрмка и околу 1.000 единици со крап.

 

Стевче Митревски