Бектеши ќе учествува на Министерски состанок на Енергетска заедница во Албанија
Министерите на земјите членки на Енергетската заедница на состанокот ќе ја разгледуваат имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница...

Министерот за економија Крешник Бектеши утре ќе учествува на неформалниот Министерски состанок на Енергетска заедница кој што ќе се одржи во Тепелена, Република Албанија.
Со состанокот ќе преседава Белинда Балуку, вицепремиер, Албанија која е земја преседавач со Енергетска заедница за 2023 година. На состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница.
Министерите на земјите членки на Енергетската заедница на состанокот ќе ја разгледуваат имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, а ќе дебатираат и за подготвеноста на енергетските системи и чекори кои ќе се превземат од земјите членки за престојната зима.
