Конечен договор нема, синдикатите и Владата ќе прават нови пресметки
Седница на Економско-социјалниот совет за новата методологија за плати во јавниот сектор. Конечен договор нема, синдикатите и владата ќе прават нови пресметки. Неприфатливо е усогласување на платите во рок од пет години, тоа го прифатиле владините претставници и рокот е намален. Нов состанок ќе одржат во понеделник…

Мал напредок има, но не и конечен договор меѓу Владата и синдикатите во однос на новата методологија за платите во јавниот сектор. По само еден час заврши состанокот на Економско-социјалниот совет, со договор синдикатите и Владата да направат нови пресметки и да се состанат во понеделник.
За синдикатите е неприфатливо усогласување на платите во рок од пет години, па тоа го прифатиле владините претставници и рокот е намален. Според нив, погрешна е и методологијата за линеарно зголемување на платите.
Миле Ристески
