Албанија

Бектеши денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок во Тепелена

30.06.2023 10:02

Министрите на земјите членки на Енергетската заедница на состанокот ќе ја разгледуваат и имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, а ќе дебатираат и за подготвеноста на енергетските системи и чекори кои ќе се преземат од земјите членки за претстојната зима...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок на Енергетска заедница, што ќе се одржи во Тепелена, Република Албанија.

Најавено е дека на состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница.

Со состанокот, како што соопштија од Министерството за економија, ќе претседава Белинда Балуку, вицепремиер на Албанија, која е земја претседавач со Енергетска заедница за 2023 година.

Министрите на земјите членки на Енергетската заедница на состанокот ќе ја разгледуваат и имплементацијата на патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, а ќе дебатираат и за подготвеноста на енергетските системи и чекори кои ќе се преземат од земјите членки за претстојната зима.