Економија

Бесими: Од утре поскапо ДДВ на сметките за струја од 10 на 18 проценти

30.06.2023 12:20

Целата на новата методологија е да се мотивира штедењето на електрична енергија, вели министерот Бесими. Од 1- ви јули се зголемува ДДВ-то на струјата од 10 на 18 проценти...

По официлизирањето на новата цена на струјата, којашто ќе се применува од 1 јули годинава, министерот за финансии вели, дека нема да има законски интервенции и дека ДДВ-то на сметките за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар ќе се зголеми од 10 на 18 насто.

Сега има нова методологија од Регулаторната комисија за енергетика за обликот на кризата, со која се мотивира штедењето на потрошувачката со воведување на четири блок тарифи, рече Бесими. Министерот рече дека како компензација, Владата ќе продолжи да ги субвенционира трошоците за производство и снабдување на електрична енергија. Според Бесими, тоа ќе биде еден вид на надоместок за зголеменото оданочување.

АД ЕСМ со поддршка на Европската банка за обнова и развој, го потпишаа договорот за грант за изградба на фотонапонска централа, „Осломеј 1“, со моќност од 10 мегавати, ова ќе заштеди значително количество на увоз на јаглен, а ќе се намали загадувањето на околината.

Европската унија инвестира во обновливи извори на енергија кои имаат клучна улога во спречување на последиците од климатските промени.

Новата централа е дел од поголем проект од 9.5 милиони евра за изградба на овој вид енергетски капацитети, како замена на одредени капацитети во термоцентралите на АД ЕСМ. Досега ЕБОР има инвестирано над 2, 5 милијарди евра како заеми и неповратна помош на земјава за 175 инвестициски проекти.

 

 

Миле Панов