Битола

Цената на пченицата на светските берзи и актуелните откупни политики, шок за пелагониските земјоделци

30.06.2023 13:50

На десетина дена до почетокот на жетвата пелагониските земјоделци во шок по сознанијата дека на светските берзи просечната цена за килограм лебно зрно се движи околу десет денари …

На десетина дена до почетокот на жетвата во нашата најголема житница пелагониските земјоделци во шок по сознанијата дека на светските берзи просечната цена за килограм лебно зрно се движи околу десет денари. Со евентуално и ваква домашна откупна политика велат не можеме да го покриеме ниту производните трошоци кои изнесуваат од 12-13 денари по килограм пченица.

Во услови кога минатогодишната откупна цена од 20 денари е само сон, надежта да се стигне до некаква рентабилност го гледаат во слухот на надлежните.

Минатонеделната мерка за исплата на 12.000 денари по хектар за јачменот каде приносите не се под три тони е добра но сепак не задоволува целосно, велат земјоделците.

Ќе биде вистинска штета да не се изнајдат излезни решенија кога хектолитарот е одличен, приносите би се движеле од 5-6 тони по хектар, додаваат земјоделците.

Тасевски вели како да се повторува непишаното правило кога има добар принос да нема солидна откупна цена која сигурно ќе влијае и на следниот есенски сеидбен план но и на младите земјоделци.

 

Стевче Митревски