Енергетика

Од денеска нова цена на струјата

01.07.2023 13:11

Од денеска повисоки сметки за струја за јули поради зголемувањето на ДДВ-то од 10 на 18 проценти...

Од денеска повисоки сметки за струја за јули поради зголемувањето на ДДВ-то од 10 на 18 проценти. Надлежните тврдат дека со блок-тарифите за пресметка на потрошената струја, ќе се спречи раст на цените.

Таргети за поддршката за електрична енергија се домаќинствата со пониски примања.

Евтината тарифа на струјата ќе почне од први декември, во периодот од 13 до 15 часот. Од Регулаторна појаснуваат дека тоа е најраниот можен рок поради технички проблеми.

До тогаш ќе треба да се усогласат струјомерите на домаќинствата.