Македонија

За 4 години преку „Мој ДДВ“ кај граѓаните се вратени 107,5 милиони евра

01.07.2023 15:16

За четири години преку „Мој ДДВ“ кај граѓаните се вратени 107 и пол милиони евра. Од воведувањето на апликацијата до сега регистрирани се скоро 539 корисници и тој број континуирано расте...

За четири години преку „Мој ДДВ“ кај граѓаните се вратени 107 и пол милиони евра. Од воведувањето на апликацијата до сега регистрирани се скоро 539 корисници и тој број континуирано расте.

Освен бројот на корисници, директорката на УЈП Лукаревска на брифинг со новинарите рече дека расте и бројот на скенирани фискални сметки на остварен промет. Лани прометот од скенираните сметки бил 178,7 милијарди денари.

Најмногу, 74 илјади 866 фискални сметки скенирала штипјанка, жителка на Валандово имала 52 илјади 731 скенирана фискална сметка, а со 41.647 скенирани сметки е жител на Кичево. Исплатата од второто тримесечје, во месеците април, мај и јуни ќе се реализира во август. Се очекува да се исплатат нешто повеќе од 11,2 милиони евра.