Трговија

Од денеска без ограничени маржи, основните производи по пазарни цени

01.07.2023 15:27

Од денеска без ограничени маржи. Производителите и трговците имаат одврзани раце при креирањето на цените на лебот, шеќерот, зејтинот, млекото и млечните производи и јајцата. Граѓаните стравуваат дека ќе има поскапувања...

Од денеска одмрзнати маржите на основните прехранбени продукти. Производителите и трговците имаат одврзани раце при креирањето на цените на лебот, шеќерот, зејтинот, млекото и млечните производи и јајцата. Скопјани кои пазареа во маркетите велат дека не почувствувале драстично поскапување, но не ја исклучуваат можноста во иднина трговците да ги зголемат цените на основните прехранбени производи.

Од Министерството за економија велат дека мерката ќе биде вратена евентуално ако пазарот има таква потреба. Од ресорот додаваат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Од денеска и броилата ќе мерат по новата тарифа за струјата што ја определи регулаторната комисија за енергетика. ДДВ-то се враќа на 18 насто. Министерот за финансии Бесими на брифингот со новинарите уверува дека тие што трошат помалку струја ќе имаат пониски сметки.

 

 

Игор Панов