Енергетика

„ЕВН Хоум“ од 1-ви декември е должна да испорача дневна евтина тарифа за сите корисници

03.07.2023 14:38

„ЕВН Хоум“ од 1-ви декември е должна да испорача дневна евтина тарифа за сите корисници, но како тоа ќе го направи е нивна надлежност. Вицепремиерот Битиќи уверува дека граѓаните ќе можат да ја користат поволноста од почетокот на последниот месец годинава. Дотогаш ќе треба да се наштелуваат броилата...

Регулаторната комисија за енергетика излезе со нови цени за струјата кои ќе се аплицираат од први јули до крајот на годината, а евтината дневна тарифа ќе се применува од први декември, информира вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Ги повика надлежните, во случајов „ЕВН Хоум“, да ги завршат оперативните работи и на први декември да испорачаат евтина тарифа за сите.

Коментирајќи го извештајот на Државниот завод за ревизија според кој од 2018-та до 2022 година, државата се тужи со пет фирми на арбитражни судови, Битиќи вели дека мора да се утврди зошто е тоа така и чија е одговорноста за да се најдеме во ситуација да имаме толку големи спорови. Вели, државата мора да постапи по арбитражните спорови, за да не ги загуби без никаква одбрана.

За петте арбитражни постапки, исплатени се 15,6 милиони евра за адвокатски услуги. Доколку Македонија ги загуби споровите, ќе треба да плати оштета од 1,5 милијарди долари.

 

Марија Котовска