Македонија

Асоцијација на земјоделци: Државата да учествува за рентабилна цена на пченицата

04.07.2023 13:41

Пред стартот на жетвата на пченицата, земјоделците сè уште преговараат со Министерството за земјоделство и со мелничката индустрија за откупната цена. Цената официјално не е утврдена, но од мелничарите им се нудат 11 денари, а земјоделците бараат разликата да ја доплати државата кој наложи зголемени површини со пченица. Поради дождовите родот може да биде намален за 10 до 20 проценти …

Зголемени површините со пченица, родот се очекува на 260.000 тони, но дождовите може да ги намалат приносите за 10 до 20 насто. На прагот на жетвата на лебното зрно, производителите сè уште преговараат за цената и со мелничката индустрија и со Министерството за земјоделство. Не е утврдена, а, неофицијално, мелничарите нудат 11 денари, што е берзанска цена. За земјоделците е неприфатливо поради трошоците. Бараат и не отстапуваат, државата да ја покрие разликата до рентабилната цена од околу 18 денари.

Асоцијацијата на земјоделци бара и откупот за стоковите резерви да не биде само од една фирма, туку поделено на пет пунктови во сите региони што може колку-толку да им помогне во ситуацијата со исплатливото производство.

Македонија произведува околу 260.000 тони лебно зрно, а останатите количества до потребните околу 320.000 тони, ги увезува.

 

Елизабета Митреска