Економија

Стопанска комора: УЈП да објавува бела листа за да се види кој го полни буџетот

05.07.2023 14:59

Стопанската комора побара државата поагилно да влезе во борба со сивата економија. Повикаа освен црна, да се објавува и бела листа за да се види кој ја полни државната каса...

Време е за рестарт, сивата економија долго време ги оптоварува и државата и бизнисот, порача Стопанската комора. Оттаму велат дека е време, Управата за јавни приходи, освен црна листа на неплаќачи на данок, да почне да објавува и бела листа, за да покаже кој го полни буџетот.

Потребно е и тело за соработка меѓу УЈП и деловните даночни обврзници, што би помогнало на Управата на терен преку комуникација со компаниите што плаќаат данок, да се информира за слабостите и за тоа каде се крие сивата економија.

Сивата економија не е само економско, туку и општествено прашање и треба да се реши за да имаме подобро здравство, образование и развој, рекоа од Комората.

Марија Котовска