Интервентен фонд

Дополнителни интервентни пари за произведена зимска зелка

06.07.2023 09:00

Производителите на зимска зелка на отворено ќе добијат дополнителни пари преку програмата за интервентен фонд. Интервентната е нова програма креирана како поддршка за земјоделците, за помали трошоци, одржливо производство и стабилен пазар на основните земјоделски и прехранбени производи...

Корисници на оваа подмерка се регистрирани земјоделски стопанства, кои во август 2022 година имаат расадено зимска зелка на отворено или го имаат продадено родот до 15 април 2023 година од најмалку 5.000 килограми по хектар. Субвенцијата за еден хектар изнесува 61.000 денари.

За да ги добијат средствата градинарите имаат обврска да поднесат барање до Платежната агенција, кое треба да содржи податоци за расадената зимска зелка на парцели кои се евидентирани во системот за идентификација или откупни белешки од регистриран откупувач кој го има купено родот.

Административните проверки и контролите во постапката ги врши Платежната Агенцијата, врз основа на податоците за површината.

Министерот за земјоделство формира комисија и врз основа на барањето се врши увид на лице место, а исплата на парите е најдоцна до 31 декември оваа година.

Вкупната сума за реализација на целата програма е 317 милиони денари.

Лани преку Фондот беше интервенирано за вештачките ѓубрива, за сточарството и за покривање на трошоците за есенската сеидба.

 

Методија Трајков