Стопанска комора: Повлекување на Законот на солидарност
Невозможно е да градиш предвидлива бизнис-клима ако десетина години не се носат клучни закони кои би го подобриле работењето на компаниите, порака од првиот човек на Стопанската комора, Азески. Посочи дека потребни се консултации со бизнис-фелата за носење на закони по скратена постапка, со европско знаменце. Компаниите бараат повлекување на Законот за солидарност. Бараат даночен календар, со што ќе бидат известени за менувања во сферата на даноците…

Стопанската комора бара Владата, не само да го повлече Законот за данок на солидарност, туку и да не го предлага повторно со европско знаменце во Собрание без да има консултации со бизнисот. Првиот човек на комората, Азески бара договор меѓу јавниот и приватниот сектор за да има предвидливост за компаниите.
Предлог-законот за солидарен данок е селективен и негативно ќе влијае врз странските инвеститори, велат од комората. Побараа даночен календар за компаниите, за навреме да можат да планираат за идната година.
Од комората посочија дека има низа закони што задираат во бизнисот, а не се носат со години.
Ирина Гелевска
