Ќе се доработуваат законските решенија за даночни реформи и солидарен данок
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при посетата на Битола истакна дека до крајот на идната недела очекува да се финализира договорот со синдикатите за платите во јавниот сектор. Тој рече дека законите за даночните реформи и солидарниот данок се повлечени поради четиримесечната инертност на Собранието…

Предлог-законските решенија за даночните реформи и солидарниот данок се повлечени од Собранието на доработка, поради фактот што неколку месеци седеа закочени во собраниските процедури и како спротивност на однесувањето на пратениците, за нивно ставање на дневен ред, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.
Што се однесува до зголемувањето на платите во јавниот сектор, неговото очекување е дека нареднава недела со синдикатите да постигнат заеднички договор за општиот колективен договор, кој понатаму ќе биде поттик за секој поединец во јавниот сектор и секако на приватните компании којшто го генерираат економскиот развој.
Битиќи како што рече не сакаше да лицитира со некакви проценти до следната средба со синдикатите која е веќе закажана за в понеделник, а во која според неодамнешните изјави со оптимизам се и синдикалните претставници.
Стевче Митревски
