Битола

Поголеми напори за справување со сивата економија, порача вицепремиерот Битиќи

08.07.2023 13:58

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи апсолутно се согласува со Стопанската комора дека сивата економија сè уште царува. Крупен исчекор на ова поле вели може да се направи само со заедничко делување на сите општествени чинители. Од дводневната посета на Битола со став дека владината програма за еднаква поддршка на домашните и странските компании веќе дава резултати во насоката за рамномерен регионален стопански развој...

Забелешките на Стопанската комори за сивата економија и финансиската штета што ја нанесува на буџетот се реални и ние како Влада кажуваме дека таа над три децении е најтешкиот карцином за нашата економија и општество. Нејзиното сузбивање во голем процент може да се направи само со заеднички сили на чесните даночни обврзници, совесните граѓани и владините институции – смета вицепремиерот за економски прашања.

Освен сузбивањето на сивата економија, рамномерниот регионален развој е подеднакво важна компонента за економската иднина на земјава - вели Битиќи. Смета дека владиниот план за економски раст со којшто домашните и странските компании имаат еднаква поддршка во Пелагонискиот регион, испорачува резултати.

Инаку дводневниот престој во Битола го заврши со увид врз градежните работи на новиот мост на реката Драгор за кој како што рече се издвоени над 815 илјади евра од ТАВ програмата.

 

Стевче Митревски