Финансиска помош

ЕУ обезбеди 100 милиони евра за макрофинансиска помош за Северна Македонија

10.07.2023 13:31

Финансиската помош е наменета за поддршка на економската стабилизација и за суштинска реформска агенда во форма на заеми. Одлуката за 100 милиони евра коишто ќе бидат исплатени во две еднакви рати...

Финансиската помош е наменета за поддршка на економската стабилизација и за суштинска реформска агенда во форма на заеми. Одлуката за 100 милиони евра коишто ќе бидат исплатени во две еднакви рати е донесена од Европската комисија оти земјава е значително погодена од пандемијата, од енергетската криза и од увозот на гориво и електрична енергија.

Макрофинансиската помош ја придружува 24-месечна програма за поддршка склучена со ММФ во износ од 530 милиони евра, што ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на земјава во 2023 и 2024 година.

Предуслов за доделувањето на помошта од ЕУ е Северна Македонија да ги почитува ефикасните демократски механизми, вклучително и повеќепартискиот парламентарен систем и владеењето на правото и да гарантира почитување на човековите права, се вели во соопштението од ЕУ.