Економија

Соработка на институциите за продуцирање соодветни кадри за пазарот на труд

10.07.2023 14:11

Недостасува координација на институциите во државава за согледување на реалноста и продуцирање соодветни кадри за пазарот на трудот. Ситуацијата е алармантна зашто младите заминуваат. Невладините на прилепскиот Економски факултет ги претставија анализите и реалните потреби на македонската економија…

Неопходна е координација помеѓу институциите во државава за да се креираат профили кои ги бараат македонската економија и пазарот на трудот. Ситуацијата е алармантна. Според Светска банка од 2019-та година, една четвртина или 500.000 граѓани се отселиле од државата, а според пописот, за 20 години имаме помалку 126.000 млади.

Дополнително да се промовираат бенефитите од дуалното образование Оперативниот план за вработување на Министерството за труд и социјална политика да се приспособи на реалноста и консултација со локалните центри за вработување, со условите во фирмите, потенцирање на практикантството, па и соодветна легислатива.

Прекупотребна е служба за кариерно советување во средните училишта, а Центрите за млади се неопходни.

Елизабета Митреска