Синдикатите и Владата постигнаа договор за зголемување на платите во јавниот сектор
Падна договор меѓу Синдикатите и Владата. Платите во јавниот сектор во септември повисоки за 10 проценти. До крајот на годината ќе се исплати регрес за годишен одмор од 10.000 денари. Новата методологија ќе стапи на сила од март 2025-та година. Синдикатите задоволни очекуваат договорот да се потпише до крајот на наредната недела. Постигнато е системско и одржливо решение – велат од Владата...

За 10 проценти зголемени плати ќе добијат вработените во јавниот сектор. Владата и Синдикатите постигнаа договор. Веќе во октомври, работниците може да очекуваат зголемен прилив на банкарските сметки. Социјалните партнери одлучија до крајот на годината да се исплати регрес за годишен одмор во висина од 10.000 денари.
Синдикатите задоволни од постигнатиот договор. Очекуваат да се потпише до крајот на наредната недела.
Новата методологија за пресметка на платите која ја опфаќа јавната администрација ќе се реализира со множење на коефициентот на сложеност на работната задача со просечната плата. Ќе се применува од март 2025-та година, затоа што, како што појаснуваат од Владата потребно е да се усогласи со Буџетот и да се вметне во Законот.
Анита Димитријевска Велковска
