Финансии

Прва аукција за граѓанската обврзница

13.07.2023 10:07

Преку обврзницата се овозможува на граѓаните да инвестираат во проекти за развој на земјите, а притоа тие инвестиции се безбедни за граѓаните, им носат принос и особено важно во услови на двоцифрени стапки на инфлација, ја штитат нивната вредност.

Првата аукција за граѓанската обврзница во вкупен износ од околу 600 милиони денари ќе се одржи денеска. Граѓаните во изминатиот период имаа можност да запишат обврзница со минимален износ од 10.000 денари.

Граѓанската обврзница, како нов финансиски инструмент се нуди со поволни услови - камата од 5% и рок на доспевање две години. Преку обврзницата се овозможува на граѓаните да инвестираат во проекти за развој на земјите, а притоа тие инвестиции се безбедни за граѓаните, им носат принос и особено важно во услови на двоцифрени стапки на инфлација, ја штитат нивната вредност.

На 20-ти јули оваа и на 20-ти јули идната година, од државата на имателите на обврзница ќе им се исплати камата од 5% на сумата што ја вложиле. Кога ќе истече периодот од две години, ќе им бидат вратени финансиските средства кои ќе ги имаат вложено во граѓанската обврзница.